Вчера попладне во 14 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Кавадарци, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.