Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија денеска околу 18:20 часот по локално време.
Земјотресот се случил на околу 20 километри северно од Сандански, на длабочина од 11 километри.
Потресот бил почувствуван и во Делчево и други делови од источна Македонија.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.