Сите судски постапки против Трамп ќе бидат пренесувани во живо

7011f6a2-2365-4211-8365-cde1bd107295.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите судски постапки во случајот против поранешниот американски претседател, Доналд Трамп ќе бидат пренесувани во живо на телевизија, објави судијата Скот Мекафи.


Тој додаде дека ќе биде направен преседан, кој претходно го направи неговиот колега Роберт МекБурни, бидејќи сите рочишта ќе се емитуваат и на каналот на судот на Јутјуб, пренесува „Гардијан“.

На медиумските екипи ќе им биде дозволено да користат компјутери и мобилни телефони во судницата, но не и за снимање.

Трамп овој месец беше обвинет од Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Фултон за наводен обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година.

Поранешниот претседател Трамп се изјасни за невин и тврди дека процесот бил политички мотивиран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK