Адел е подготвена за второ дете

вест-за-Адел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Адел сака наскоро повторно да стане мајка и веќе има список со имиња.


Поп-дивата (35), која со поранешниот сопруг Сајмон Конецки го има 10-годишниот Анџело, со голема возбуда откри дека веќе има список со имиња.

Таа разговараше со жена од публиката во текот на својот настап Weekends with Adele во Лас Вегас минатиот викенд.

Во видео на „Тик-ток“, споделено од фан кој бил присутен на концертот, една бремена жена ја прашува за совет во врска со името на бебето што го очекува.

Држејќи два микрофони, еден за себе и еден за жената од публиката, Адел ѝ честиташе на идната мајка. Додека зборуваа за имиња, Британката призна дека нејзина голема желба е да стане мајка на две деца во блиска иднина. „Навистина сакам наскоро повторно да бидам мајка.“

Обожавателката рече дека ќе роди девојче, но особено сака андрогино име. Потоа ја праша добитничката на „Греми“ кое име повеќе ѝ се допаѓа: Спенсер или Паркер?

Откривајќи го својот начин за избор на имиња, Адел додаде: „Всушност пишувам списоци. Така, секој пат кога ќе видам име што ми се допаѓа, го запишувам во мојот телефон.“

Обожавателката ѝ кажа на Адел дека кое име ѝ се допаѓа на ѕвездата, така ќе го крсти нејзиното девојче. „Не можам да кажам Паркер бидејќи на Рич му се допаѓа тоа име!“ рече Адел. „Значи, велам Спенсер, ми се допаѓа Спенсер“.

Адел има 10-годишен син со поранешниот сопруг Симон Конецки. Тие го финализираа својот развод во март 2021 година по две години брак и речиси една деценија заедно.

Од тогаш е во врска со Рич Пол, основач на „Клач спортс груп“ и менаџер на славниот кошаркар Леброн Џејмс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK