Овошја кои обезбедуваат најголема хидратација во текот на летните денови

jagodi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најголем процент од нашето тело се состои од вода која е неопходна за извршување на нормалните телесни функции. Водата помага за ефикасна испорака на кислород, исфрлање на токсини од телото, оддржување на нормална телесна тежина и подобра еластичност на кожата.







Во текот на денот, преку сите телесни функции кои ги обавува телото, се губи голема количина од внесените течности па затоа за оддржување на правилна хидратација треба губењето на течностите да го надоместувате со почесто пиење на вода и внесување на храна која исто така може да допринесе за подобрување на целокупното ниво на хидрираност на телото и спречување на дехидрација.

Летото е идеален период за внесување на течности преку исхраната бидејќи изобилува со овошје.

За повеќето од нас лубеницата е едно од омилените овошја кое го употребуваме за разладување и хидратација. Лубеницата содржи 91 процент вода, а преполна е и со витамин Ц.

Цитрусните овошја, особено цитроните и портокалите најчесто се употребуваат во цедените сокови. Цитроните содржат околу 91 процент вода, а портокалите до 87.

Консумацијата на цитрусни овошја исто така добро влијае на зголемување на железото во организмот бидејќи помага во апсорпцијата на овој минерал. Покрај тоа, агрумите се многу добри за имунолошкиот систем.

Јагодите, капините и малините содржат од 84 до 91 процент вода,  голема количина на антиоксиданси, витамини и диететски влакна кои го подобруваат варањето на храната.

Праските се овошје кое го обожуваат сите генерации, а посебно децата бидејќи имаат сладок вкус. Тие содржат околу 88-89 проценти вода.

Имаат убава арома па поради тоа често се употребуваат при подготовка на слатки, а свежите праски се исто така и умерен извор на витамин А и бета-каротин. Бета-каротинот е про-витамин, кој се претвара во витамин А во телото. Витаминот А е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржување на здрајвето на слузокожата и кожата, но имаат бројни други бенефити.

За јаболките може да се каже дека се наше секојдневие и дел од секоја кујна. Од нив се прават, пити и штрудли, многу се освежителни и нудат 86 проценти вода.

Ананасот со вкупна содржина од 86 проценти вода дефинитивно заслужува простор на оваа листа. Покрај тоа што нуди добра можност со негово конзумирање добро да се хидратирате, ќе ви обезбеди и здрав имунитет. Суровиот ананас е одличен извор на манган и витамин Ц,  во своето стебло го содржи протеличкиот ензим, бромелин кој ги разложува белковините, а со тоа помага во варењето на храната и апсорпција на протеини.

М.Кизова

(фото: pixabay)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK