Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно беше херој за неговите Абердин, откако со гол од пенал во 100. минута од мечот спаси 2:2 реми на гостувањето кај Сент Мирен во третото коло на Шкотската Премиерлига.
Абердин како гостин дојде до водство во 42. минута со голот на Хејс, но домаќините направија целосен пресврт и со головите на Кити (пенал во 59. минута) и Грив (во 76. минута), беа на чекор до победа, пред пеналот за Абердин и реализацијата на Миовски.
Тука следуваше ВАР-драмата, откако изгледаше дека Миовски се лизна при изведувањето и се прегледуваше дали тој двапати ја удри топката пред таа да влезе во голот, но на крајот голот беше признаен.
Абердин и по три кола нема победа во новиот шампионат со две ремија и еден пораз, додека Сент Мирен имаат две победи и едно реми.