Се појави нов пожар во Општина Сарај кај село Љубин, што навлезе во боровата шума, извести Центарот за управување со кризи.
– Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, на неколку пожари во исто време и недостиг на ПП сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, се влучува еден полициски хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони „ер трактор“ на ДЗС полетаа за дa се спаси боровата шума, соопшти ЦУК.