Пожарот што повторно се разгоре во подножјето на планината Парнита доведе до евакуација на неколку населени места недалеку од Атина.
Луѓето се обидуваат да ги спасат своите животи, но и животите на милениците.
Копнените и воздушните сили се борат со пламените јазици за да го контролираат големиот огнен фронт што избувна во областа.
Луѓето се принудени да ги напуштат домовите поради пожарот, а се стравува дека голем дел од куќите ќе бидат зафатени од пламенот.
Многу фотографии прикажуваат луѓе како носат кучиња, мачки и други животни во раце. Ним им помагаат и волонтери.
Специјалниот секретаријат за заштита на домашни миленици соопшти дека заедно со своите партнери од грчкиот Црвен крст, десетици животни се ослободени од загрозените куќи и дворови.
„Вчера заедно со нашите партнери од грчкиот Црвен крст ослободивме животни од тешки места и евакуиравме куќи со десетици животни за кои бевме известени по 4 часот наутро. За жал, ситуацијата е многу тешка и од сите бараме смиреност и добра соработка“, велат од секретаријатот и додаваат дека ќе бидат обезбедени камиони за превоз на поголемите животни.