Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово.
Тој се сомничи дека во август оваа година одзел златен накит од приватен имот на ул.„Тане Георгиевски“ во Куманово.
С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
Одземеното било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.