Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес e на теренски активности во Општина Росоман и Општина Кавадарци. Изјави дека по средбата со градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов заедно веќе направиле увид на доградбата на градинката „Праскички“ со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на деца во општината.
Тренчевска се осврна и на целта на средбата со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Министерката информираше дека ќе биде разговарано за двете капитални инвестиции: Дневен центар за лица со попреченост и Дом за стари лица кои ќе се реализираат на територијата на општината.
Министерката ја најави и агендата до крајот на денот, таа информираше дека заедно со пратеничката Даниела Колева ќе остварат средба со Здружението на пензионери во Кавадарци и иницијативниот одбор од пензионери за протестите во Кавадарци. Исто така потсети за настанот „Остави трага“ кој ќе се одржи на плоштадот во Кавадарци.