Возач на мопед тешко повреден во Прилепско, изгубил контрола и удрил во паркирано возило

moped.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден во 22.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Капетан Игор Ѓорески“ во с.Обршани, општина Кривогаштани, И.К.(39) од с.Крушеани, општина Кривогаштани, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.Ш.(45) од с.Обршани.



По несреќата, И.К. бил пренесен во Градската болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK