Вчера во 11.15 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на надвозник од влез на Гевгелија кон булевар „Гевгелија“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот Д.Д. од село Богородица и патничко возило „мерцедес“, управувано од 35-годишниот М.Т. од село Богородица, гевгелиско, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во патничкото возило „фолксваген“, констатирани во Медицински центар Гевгелија, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.