Ноќеска околу 2 часот и 55 минути во гостиварската населба Малеарди, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле 38-годишниот Е.Х. и 23-годишната Е.А., двајцата од Гостивар затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување, извести СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.