Со пристап до интернет 98,6 проценти од домаќинствата

lap-top-internet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пристап до интернет во домаќинствата имаат 98,6 проценти од анкетираните во Испитувањето на јавното мислење на резиденцијалните корисници во однос на пазарот на електронски комуникации во државава, што го спроведе Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во периодот  од 26 јуни до 18 јули годинава.

Според технологијата за пристап до интернет во домот, оптички интернет користат 33,6 проценти, кабелски 31,5 проценти, ADSL\VDSL (21,8 проценти), 3G/4G (10 проценти), интернет преку USB 0,3 проценти, а безжичен интернет (WiMax, Canopy, WiFi), 0,2 проценти.


На прашањето дали вие лично користите интернет, потврден одговор дале 99,6 проценти од испитаниците.

Најголемиот дел, 37,9 проценти, рекле дека интернет користат три до пет часа, 18,2 проценти користат шест до осум часа, 14 проценти од девет до 12 часа, а 14,5 проценти повеќе од 12 часа.

Во однос на тоа каде најчесто користат интернет, 42,7 проценти одговориле „Дома“, 42 проценти „Секаде, бидејќи имам мобилен интернет“, 14,6 проценти „На работа“, а по 0,2 проценти од испитаниците дале одговори: на факултет, училиште, кај пријатели и во интернет кафе по 0,2 проценти.

Интернет провајдерот кој го користат во последната година го смениле 4,9 проценти од испитаниците.

На прашањето дали во последните 12 месеци конкуренцијата на пазарот довела до промена на квалитетот на интернет услугата,  47,2 проценти одговориле дека квалитетот на услугата останал ист, за 22,2 проценти од испитаниците квалитетот се зголемил, а за 12,9 проценти се намалил.

Според истражувањето, 36,8 проценти користат интернет од Македонски телеком, 36,5 проценти од А1, 13,8 од Телекабел, ….

Властите во Уганда им забранија на затворскиот персонал да користат мобилни телефони за време на Светското првенство во фудбал, нагласувајќи дека затворениците би можеле да ја искористат невн

Сите испитаници во истражувањето се корисници на мобилна телефонија. Над 98 проценти од испитаниците имаат паметен (smart) телефон. Најголем дел од испитаниците се корисници на мобилниот оператор А1 (55 проценти), додека 41 процент на мобилниот оператор Македонски Телеком Lycamobile и Телекабел имаат по два процента учество на пазарот во 2023 година. Во изминатите години, може да се забележи тренд на зголемување кај бројот на испитаници кои користат службен мобилен телефон. Голем процент на испитаници користат мобилен интернет (92 проценти) на мобилен телефон во 2023 година, а од нив 76,8 проценти користат апликации за видео клипови и филмови. Скоро сите испитаници кои користат интернет преку мобилниот телефон, користат и апликации за комуникација, а меѓу најкористени се Viber, Facebook Messenger и Instagram. Две третини од корисниците на мобилна телефонија би го смениле својот оператор доколку истиот ја зголеми цената за 10 проценти. Во таа насока, доколку нов оператор се појави на пазарот, половина од испитаниците ќе станат негови корисници доколку им се понудат пониски цени за разговор.

Според клучните наоди од истражувањето, во изминатите пет години може да се забележи стагнација на користење на фиксна телефонија во домаќинствата. Најголем дел од корисниците на фиксна телефонија се постпејд корисници (93,3 проценти). Само 5,8 проценти од корисниците на фиксна телефонија го смениле својот оператор на фиксна телефонија во последните 12 месеци. Три четвртини од испитаниците кои не поседуваат фиксна телефонска линија изјавиле дека ја исклучиле фиксната телефонија кога започнале со користење на мобилни телефони. Дури 93 проценти од нив немаат намера во следните 12 месеци да станат корисници на оваа услуга во годината што претстои.

null

Речиси сите испитаници поседуваат телевизор во домаќинството 99,5 проценти, од кои мнозинството (89,1 процент) плаќаат месечен надомест за телевизиски услуги. Забележан е благ, но континуиран раст на домаќинства кои имаат смарт телевизор. Над 90 проценти од оние кои имаат смарт телевизор, го поврзале со интернет. Најчесто користена апликација на смарт телевизорот е Youtube. Половина од домаќинствата што плаќаат месечна претплата за телевизија сигналот го добиваат преку кабелски приклучок (52,9 проценти), по што следува IPTV (28,5 проценти), DVB-T (9,1 процент). Дополнителен пакет или канали со доплата имаат активирано 32,3 проценти од корисниците на платени телевизиски услуги.

Над 70 проценти од испитаниците се корисници на телекомуникациските услуги во пакет. Интернет и телевизија се најзастапени услуги во пакетите, но податоците покажуваат континуирано зголемување на бројот на корисници кои ја користат услугата мобилната телефонија во пакет со други услуги. Најголем дел од корисниците (36,6 проценти) ги користат сите четири телекомуникациски услуги заедно во пакет. Главен двигател за корисниците да земат услуги во пакет останува поевтината цена на пакетот во однос на поединечните цени на услугите. Една четвртина или 23,3 проценти од испитаниците сметаат дека во пакет имаат услуга која не им е потребна и која би сакале да ја исклучат. Мнозинството од нив (над 90 проценти) сметаат дека таа услуга е фиксната телефонија.

Во клучните наоди од истражувањето е наведено дека над 80 проценти од испитаниците се свесни, односно слушнале за Агенцијата за електронски комуникации.  Свесноста за АЕК е највисока кај населението на возраст од 30-55 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK