Превенција и практики за справување со загадениот воздух

zagaduvanje-vozduh
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Некаде помеѓу 1820 и 1840 година, светот почнал да преминува во нови производствени процеси кои станале познати како Индустриска револуција. Иако ова претставува пресвртница во историјата на технолошкиот напредок и оформувувањето на светот како што го знаеме денес, самата индустријализација донела огромна цена за животната средина и влијаела врз квалитетот на воздухот во светот, особено во новите, развиени урбани области.

Дури и денес, највисоките нивоа на загадување на воздухот се забележани во градовите. Загадувањето на воздухот се случува преку ослободување на хемикалии и загадувачки честички во воздухот, главно преку човечки активности.



Шест од 10-те најзагадени градови во светот во 2021 година беа во Индија, при што Бхивади беше на врвот на листата, додека соседните земји како Пакистан и Бангладеш, исто така, се едни од најпогодените. Во Кина, и покрај огромниот напредок постигнат во последниве години, каде што загадувањето на честичките забележа пад од 29 отсто на глобално ниво, 1,25 милиони луѓе сé уште умираат прерано од болести поврзани со загадувањето секоја година.

Секоја година, загадувањето на воздухот прерано убива околу седум милиони луѓе низ целиот свет. Тоа е, исто така, една од најголемите закани за здравјето на луѓето, зголемување на ризикот од хронични срцеви и белодробни болести, рак на белите дробови, мозочен удар и респираторни инфекции. Загадувањето на воздухот придонесува за климатската криза и го забрзува глобалното затоплување.

Освен што предизвикуваат милиони прерани смртни случаи и болести – особено во земјите со ниски приходи како Јужна и Источна Азија – постојат сé поголеми докази меѓу научната заедница дека загадувањето на воздухот може да има штетни влијанија врз сите аспекти на здравјето на луѓето и благосостојбата – како што е нивната когнитивна функција. Неколку истражувања покажале дека загадениот воздух често ја попречува или ја намалува когнитивната способност на оние кои често се изложени на загаденост, но загадувањето на воздухот не влијае само на луѓето. Неговите еколошки ефекти, исто така, се огромни и загрижувачки.

Превенција од загадување на воздухот

Иако знаеме многу за причините и последиците од загадувањето на воздухот, Единствените начини за драстично намалување на загадувањето на воздухот се усвојување на широк спектар на политики кои ги регулираат сите загадувачки индустрии – од оние кои се занимаваат со производство на енергија до нови транспорт правила и ограничувања и структурни измени во секојдневието.
Потребно е и постепено префрлање кон методи на обновлива енергија, но тоа претставува долг и комплициран процес кој бара глобална координација и соработка и додека некои земји успешно воведуваат транзициски практики, други немаат услови за инвестиции насочени кон такви радикални промени.
Некои земји како Швајцарија, Канада, Финска, Германија имаат значително чист воздух благодарение на владини практики, но и зголемување на свеста на населението. На пример во Цирих покрај строгите правила за чистота, населението често како превозно средство го употребува велосипедот, а исто така често употребуваат и јавен превоз. Луѓето ретко се одлучуваат за возење со автомобил, па така Цирих е еден од најчистите градови во светот.
Во Канада владата вложува голем труд низ низа мерки и активности како би ја заштитила животната средина, чистотата на воздухот и квалитетот на водата за пиење. Секој отпад се користи за обновливи извори на енергија.
Во Исланд потполно се посветени на користење алтернативни извори на енергија – дури 90% од граѓаните се снабдуваат со енергија и греење преку геотермална енергија.

Извор: Earth.Org

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK