Професорката и политичарка Солза Грчева на социјалните мрежи го изрази својот став во врска со промената на личните документи. Таа вели дека во овој случај менувањето треба да биде бесплатно затоа што граѓаните менуваат документи што им се важечки.
„Моите лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) со името „Република Македонија“ се важечки уште неколку години и не мислам да ги менувам. Ако некој не ги усогласил на време, нека одговара! И ќе одговара бидејќи г-ѓа Олгица Трајковска им поднела тужби на Заев и Спасовски. Алал да и е“, пишува Грчева.
„Во најмала рака, за оние кои ќе решат да ги менуваат, менувањето треба да биде бесплатно, бидејќи им менуваат важечки документи. Наместо тоа, луѓе со денови се обидуваат да добијат термин (по телефон или електронски) и никој не им одговара. Нема институции, ниту одговорност во демонтирана држава. Самоволие и собирање пари од сиромаштијава“, додаде таа.