Смртоносна бактерија пронајдена во милкшејк: тројца починале а тројца се во болница поради нечисти машини за сладолед во ресторан во САД

3573804_shutterstock-1507484519_ff.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здравствените власти во американската сојузна држава Вашингтон соопштија дека три лица починале, а уште три се хоспитализирани откако испиле милкшејк контаминиран со листерија, опасен вид бактерија.



Си-Ен-Ен јавува дека трагедијата се случила во ресторанот „Фругалс“ во градот Такома.

Се наведува дека истражителите утврдиле дека инфекцијата избила поради нечисти машини за сладолед загадени со таа бактерија, кои вработените не ги исчистиле правилно.

Американската телевизија наведува дека листеријата може да влијае на здравјето на луѓето и до 70 дена откако ќе конзумираат храна или пијалок што биле контаминирани со неа.

До 7 август се користеа контаминирани машини во ресторанот, па можна е појава на нови пациенти, велат надлежните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK