И четвртиот полицаец од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис осуден на затворска казна

tu_tao_#4534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Поранешниот полицаец од Минеаполис, Ту Тао, денеска е осуден на четири години и девет месеци затвор за соучесништво во убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина при неговото апсење на 25 мај 2020 година.

Тао беше прогласен за виновен во мај дека помогнал во убиство од небрежност од втор степен, јавува Гласот на Америка.


-Се надевав дека ќе има повеќе покајување, жалење, признавање на одредена одговорност, рече судијата пред да ја изрече пресудата.

Тао кажа дека немал намера никому да наштети, некого да повреди.

-Тоа никогаш не ми беше намерата. Направив се што мислев дека можам, додаде Тао.

Тао, кој девет години бил во полициските сили, спречил група минувачи да се приближат додека белиот полицаец Дерек Шовин, клечел на вратот на Флојд девет и пол минути, кој за тоа време молел за неговиот живот и велејќи дека не може да дише.

Флојд првично беше приведен под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари во блиската продавница.

Апсењето и смртта на Флојд биле снимени од случаен минувач. Убиството предизвика протести против расизмот и полициската бруталност низ Америка и во светот. Јавниот обвинител на Минесота, Кит Елисон и другите обвинители побараа Тао да биде осуден на 51 месец затвор.

Шовин беше прогласен за виновен за убиство во 2021 година. Двајца други полицајци, Томас Лејн и Александар Куенг, го држеа Флојд додека Шовин клечел на неговиот врат.

Минатата година пред државниот суд се изјаснија за виновни за соучесништво во убиство од втор степен. Лејн беше осуден на три и пол години затвор, а Куенг на три.

Шовин беше осуден на 22 и пол години затвор во државата за убиство од втор степен и уште 21 година поради федерални обвиненија за кршење на правата на Флојд.

Казните ќе ги издржуваат истовремено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK