Федерален суд ја отфрли контратужбата на Трамп против писателката Џин Керол

Федералниот суд во Њујорк денеска ја отфрли контратужбата на Доналд Трамп за клевета против писателката Џин Керол. Судијата Луис Каплан во својата одлука наведе дека поранешниот американски претседател не докажа дека изјавите на Керол на Си-ен-ен се лажни, пренесе телевизијата. Според Си-ен-ен, Трамп ја тужел Керол во јуни, откако таа изјавила: „О, да, тој тоа го направи“, коментирајќи ја пресудата …

Continue Reading

И четвртиот полицаец од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис осуден на затворска казна

– Поранешниот полицаец од Минеаполис, Ту Тао, денеска е осуден на четири години и девет месеци затвор за соучесништво во убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина при неговото апсење на 25 мај 2020 година. Тао беше прогласен за виновен во мај дека помогнал во убиство од небрежност од втор степен, јавува Гласот на Америка. -Се надевав дека ќе има …

Continue Reading

Османи: Нема да има писмен извештај, ниту гласање за реализација на Договорот со Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва изјави дека со видеото во кое ја опишува преговарачката рамка барал начин како да излезе од пропагандниот чадор под којшто се влезени граѓаните. Пропагандата против уставните измени, според него, е пуштена на најако, без аргументи и без никаква суштинска дебата. Едноставно, вели тој во интервју за Сител, граѓаните се злоупотребуваат на емоции со …

Continue Reading

Изгаснат пожар што избувнал попладнево близу Свети Николе

Целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнево во близина на Свети Николе, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот се проширил помеѓу селото Кадрифаково и бензинската пумпа „Мики Петрол“, во правец на ветерниците спроти фабриката „Агриа“, на ридови со висока трева и нискостеблеста шума. Во гаснењето беа ангажирани пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со подршка од ТППЕ Велес, противпожарното …

Continue Reading

Литванија пресилна за македонските кошаркарски кадети

Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија со 95-52  во рамки на завршното трето коло во групата Б на Европското првенство за играчи до 16 години во А дивизијата кое се одржува во Скопје. Актуелниот европски првак беше пресилен за избраниците на селекторот Александар Јованчев, кои, сепак, со триумфот во воведното коло над Белгија ја остварија првата зацртана цел и …

Continue Reading

Владина делегација положи цвеќе во чест на загинатите бранители кај Карпалак

– По повод одбележувањето 22 години од трагичното загинување на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата, владина делегација предводена од советникот за одбрана, Драган Василевски денеска положи цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп,  каде ја посети и спомен-собата. Цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба …

Continue Reading

Османи: Реалниот рок за уставните измени е крајот на мандатот на овој Парламент

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е оптимист дека уставните измени ќе бидат донесени и дека првичната цел на Владата и била до ноември, но дека реалниот рок е последниот ден од мандатот на овој Парламент. -Јас сум оптимист дека ќе биде. Се разбира првична цел ни е до ноември бидејќи тогаш има еден административен календар заради скринингот, меѓутоа реалниот …

Continue Reading

Кулеба од Блинкен побара САД да испратат во Украина ракети со долг досег АТАКМС

Шефот на украинската дипломатија,  Дмитро Кулеба, денеска за време на телефонскиот разговор со својот американски колега, државниот секретар Ентони Блинкен, соопшти дека од САД побарал во Украина да бидат испорачани ракетите со долг досег АТАКМС. „Секретарот Блинкен и јас разговаравме за натамошните чекори за проширување на глобалната поддршка на Формулата за мир и решенијата за проширување на извозот на жито“, …

Continue Reading

Во Прилеп почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“

Со поклон пред спомен обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски воени резервисти. Загинаа на 8 август 2001 година при заседата на армискиот конвој на патот Скопје-Тетово кај месноста „Карпалак“. Делегации на АРМ, од Владата, од Општината, на семејствата на загинатите, од здруженија на бранителите се поклонија и им …

Continue Reading