Општина Куманово ги повика невработените лица да се приклучат во програмата општинско корисна работа, проект „Инклузивна училница“, информираа денеска од општината. Невработените ќе бидат ангажирани со скратено работно време во период од девет месеци. Тие ќе стекнат вештини кои во иднина ќе им помогнат полесно да се снајдат на пазарот на трудот.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 (дваесет) работни часа неделно, нивниот статус на невработено лице ќе остане, ќе корисат права на паричен надоместок и на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право, појаснуваат од општината.
Право на учество имаат невработените, но предност ќе имаат оние кои за првпат се пријавуваат.
Кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени ќе добиваат надоместок паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Предност имаат невработените лица на кои им престанал работниот однос во периодот на коронавирусот, долгорочно невработени лица, млади лица до 29 години, корисници на гарантирана минимална помош, постари од 50 години, родители на деца со пречки во развојот, родители на три и повеќе деца, припадници на ромска етничка заедница, жени од етнички заедници.
Тринаесет невработени ќе бидат ангажирани за образовен асистент во средно образование кој ќе понуди помош и поддршка на ученикот при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник;
Лицата треба да имаат да имаат завршено високо образование од повеќе профили
Двајца лични асистенти во средно образование ќе работат индивидуално со ученици, ќе помагаат при социјализација и други потреби. И тие треба да имаат завршено високо или средно образование. Клучно, е да имаат емпатија.
Програмата се спроведува согласно договорот помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации и Општина Куманово за имплементација на активности, каде УНДП обезбедува поддршка во рамките на проектот „Креирање можности за работа за сите IV., во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот.