Во израелски ракетен напад во близина на сириската престолнина Дамаск, четворица војници загинаа, уште четворица се ранети и е причинета „извесна материјална штета“, објавија сириските државни медиуми.
„Денеска околу 2:20 часот, израелскиот непријател започна воздушна агресија од правец на окупираната сириска Голанска висорамнина, гаѓајќи некои точки во близина на градот Дамаск“, изјави воен извор. Сириската противвоздушна одбрана пресретна израелски ракети и собори некои од нив, додаде изворот.
Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, каде што влијанието на Иран се зголеми откако почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година.