Дождот го изгасна пожарот кај Дојран


dojran_pozar_242423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Дождот го изгасна силниот пожар кој попладнево избувна кај Дојран, пред селото Николиќ.

Веста за МИА ја потврди директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.


Според информации од жителите на селото Николиќ, дождот кој почнал да врне околу 20 часот го изгаснал пожарот, кој заради силниот ветер се закануваше да се префрли и на првите објекти во селото.

Во гаснењето на пожарот учествуваше големиот полициски хеликоптер кој во повеќе наврати прецизно ја исфрлаше водата од ведрото од три тони, како и пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“.

Според првичните информации пожарот зафатил поголема површина на шума, а целосна информација колкава е штетата ќе се знае дополнително.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK