Трет ден трае потрагата по момчето во езерото Глажња

potraga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трет ден трае потрагата по младиот жител на Никуштак кој влезе во водите на езерото Глажња во Липково и не излезе. Во потрагата се вклучени нуркачите од специјалната единица „Тигар“, Дирекција за заштита и спасување, а наскоро ќе се вклучат и нуркачи од армиските специјалци „Волци“.


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го посети теренот и кажа дека стрмниот брег, длабочината на вештачкото езеро, матностa го отежнуваат пребарувањето.

-Потрагата по 29 годишниот маж кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња се одвива трет ден. Поради тешкиот терен за пребарување, многу косиот брег и голема длабочина која започнува веднаш по влегувањето во водата а на петнаесетина метри оддалеченост од брегот достигнува 40 метри, трет ден се ангажирани десет нуркачи од САЕ „Тигар“ кои се обучени да нуркаат до 40 метри длабочина, вели Ангелов.

Во пребарувањето вклучен е и т им за спасување на ДЗС од Велес кој го пребаруваа брегот на езерото, СВР Куманово пак го обезбедува местото на несреќата.

Вчера беше употребен и подводен дрон.

– Во текот на денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко Турист Охрид, со кој се пребарува езерското дно, а неколку можни места се бележени и потоа се пребаруваат од нуркачите на „Тигрите“. Во секој момент треба да пристигнат и осум нуркачи од армиските специјалци „Волци“ кои ќе се приклучат на потрагата, изјави Ангелов.

Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK