Telekom Electronic Beats приредува спектакуларна завршна забава на Ohrid Calling 2023 со настап на Амели Ленс

Gen-Z-OHRID-CALLING-Amelie-Lens-SM-1080x1080px
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Каква би била младоста без музика, без уживање во летото и без радост?! Сите го знаеме одговорот. Токму затоа, кампањата на Дојче Телеком “Лето на радоста“, која ова лето преку својата платформа Telekom Electronic Beats (ТЕВ) безрезервно ги поддржува младешкиот дух и желбата за нови искуства, организира илјадници музички настани низ Европа.

Телеком ве поканува на славење на „Летото на радоста“ на уште една спектакуларна забава, овој пат на реномираната техно кралица Амели Ленс, на Ohrid Calling 2023.


Нејзиниот настап ќе биде дел од затворањето на фестивалот Ohrid Calling 2023, а ќе се одржи на 4 август, во Касарна Охрид. Не го пропуштајте ова уникатно искуство, кое ја комбинира магијата на преубавиот Охрид со модерните звуци на нејзината електронска музика. Подгответе се да танцувате на заразниот ритам и хипнотизирачките звуци на еден од најдинамичните диџеи во светот! И тука не застанува забавата. Со ТЕВ програмата, Ohrid Calling, годинава, добива уште еден екстра ден со одлична програма само на женски изведувачи. Пред Амели ќе настапат и: Diah, Nastasya Kish, Lesya.

По потекло од градот Антверпен, белгиската диџејка и продуцентка Амели Ленс ја освои електронската музичка сцена со нејзините енергични сетови кои го спојуваат класичниот есид-хаус со влијанијата на современата европска техно музика. Нејзиниот впечатлив имиџ, уникатен музички стил и исклучително моќното сценско присуство ѝ донесоа многу обожаватели ширум светот – а сега во тоа ќе може да се увери и македонската публика. За оваа специјална забава, бидете подготвени за огромен спектар на звуци и аудиовизуелни доживувања кои ќе направат директно да го почувствувате „Летото на радоста“!

Telekom Electronic Beats платформата на Дојче Телеком се залага за многу повеќе од само музика. Се работи за поместување на границите и начинот на кој се забавуваме, начинот на кој ја доживуваме уметноста и го негуваме чувството кое нè повикува да истражуваме.

А, „Лето на радоста“ е новото поглавје на повеќегодишната програма на Дојче Телеком за поддршка на Генерацијата Z, чиј дел се реализира токму преку ТЕВ. Кампањата е фокусирана и на дигиталните канали, чии креатори се претставници на Генерација Z кои создаваат оригинални и автентични содржини за социјалните платформи (на пример, TikTok, Instagram и Snapchat). За да дознаете повеќе за „Лето на радоста“ на Дојче Телеком и да побарате пристап до бесплатните музички искуства, посетете ја страницата: summerofjoy.electronicbeats.net

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK