– На две различни локации во грчката област Магнисија, вечерва, во два одделни случаи беа пронајдени јагленосани тела на еден маж и една жена, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, станува збор за жртви во големиот пожар активен од попладнево во конкретниот регион.
За пронајдените тела информираа од противпожарната служба на Грција.