Едни протестираат за плати, други за лекови, трети за образовни асистенти, четврти за дрвја, петти за студентски домови, шести против закон за родова еднаквост, седми против рудници…
Само никако, сите заедно против клучниот проблем и извор на сите други – власта!?
Логика?
Не дека сум против протести, далеку од тоа. Само не сфаќам како не се гледа целата, големата слика, дека сите овие групи, ако се вистински незадоволни, треба да излезат заедно, за повисока цел од помалите, засебни интереси на секоја од нив.
Без изворен, сенароден протест, нема ништо да се смени, или промената ќе биде мала, краткотрајна и незначителна, додека не не’ изморат едни по едни, за сите да кренеме раце од се’.
Секој за себе, сите за никаде!