За случајот „Белери“ официјална Тирана и порача на Грција да почека правдата да ја заврши работата

baleri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По денешната изјава на портпаролот на грчкото Mинистерство за надворешни работи, дека задржувањето на градоначалникот на албанскиот град Химата, Фреди Белери, во затворски притвор, е „неправедна одлука на владата во Тирана и е потврда на непочитувањето на човековите права“, реагираше албанското Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР).

Оценувајќи ја изјавата како неоснована и погрешна, МЕНР нагласува дека Владата на Албанија никого ниту затвора, ниту приведува, бидејќи Албанија е демократска земја во која владее принципот на поделба на власта.


-Со жалење ја проследивме изјавата на портпаролот на грчката Влада за случајот Белери. Како што постојано кажуваме, јавно, но и во текот на комуникациите што ги имавме со нашите грчки колеги, ваквите изјави се несоодветни, неосновани и ја игнорираат демократската реалност и владеењето на правото во Албанија. Владата на Албанија никого ниту затвора ниту приведува, бидејќи Албанија е демократска земја во која владее принципот на поделба на власта, стои во реакцијата.

Во оваа прилика нагласуваме, стои во продолжение на реакцијата, дека албанскиот државјанин со грчка националност, Фреди Белери, подлежи на Обвинителството и Специјалниот суд против организиран криминал и корупција, структури создадени со реформата на правото, што е плод на стратешка соработка со САД и ЕУ.

-Албанската Влада не ги коментира постапките и одлуките на овие структури. Овој принцип се применува во случајот на Белери, како и во случајот со кој било друг албански државјанин, во Албанија, како и во Грција или во која било демократска земја во Европа и светот, затоа ја повикуваме Владата на Грција да го стори истото и да чека, исто како и ние, правдата да ја заврши нејзината работа, стои во реакцијата.

Фреди Белери беше уапсен два дена пред локалните избори во Албанија, што се одржаа на 14 мај, под обвинение за купува гласови. На изборите тој беше реизбран за градоначалник, но му беше одбиено барањето да му се преиначи притворот со домашен притвор, за да даде заклетва на денот кога се конституираше Советот на општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK