Момче на 22 години од Шпанија се удави во градскиот базен во Битола

 – Доцна попладнево во СВР Битола е пријавено дека во отворениот градски базен, познат како Олимпискиот базен под Тумбе кафе во Битола се удавил шпански државјанин на возраст од 22 години. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Continue Reading

Вучиќ-Рама: Стекнавме навика отворено да зборуваме, некогаш се согласуваме, а некогаш не

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама вечерва по средбата во Белград изјавија дека двајцата по повеќе децении во односите меѓу Србија и Албанија почнале да го менуваат лошото политичко наследство, дека разговарале за Берлинскиот процес, за Отворен Балкан, и за „нивните неретко различни погледи за ситуацијата на Косово“ избегнувајќи да говорат поотворено за оваа …

Continue Reading

Министерот Османи ќе учествува на Дубровник форум 2023

– По интензивната агенда во Виена во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува со работна посета на Република Хрватска, каде што ќе учествува на Дубровник форум 2023. Агендата на форумот почна вечерва со настан организиран од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ додека во текот на утрешниот ден Османи ќе има обраќање на панелот „Западен …

Continue Reading

Маричиќ: Нема никаква координација меѓу Владата и обвинителството за отворање на случајот „Скопје 2014“

– Нема никаква координација меѓу Владата и обвинителството во врска со отворањето случајор „Скопје 2014“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24. – Овој случај долго време стоеше во обвинителството и претпоставувам дека имало некои нови сознанија, нови документи, нови докази штом сега го отвораат. Можам да ви тврдам дека никаква координација …

Continue Reading

Пентагон потврди дека САД испраќа касетна муниција во Украина

– Пентагон денеска најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, кој меѓу другото ќе вклучува и касетна муниција. Белата куќа одржа прес-конференција за испраќањето касетна муниција во Украина пред соопштението на Пентагон. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека Русија користи такво оружје од почетокот на војната. – Русија користи …

Continue Reading

Зечевиќ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

– Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина и отвора врата на безброј можности за младите. Тоа е нашата голема идеја, суштината на нашата посветеност, саможртва и го правиме токму за вас, младите, порача денеска генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, во дискусија со младите социјалдемократи, учесници на Летниот камп на СДММ. Според него, македонската иднина не е …

Continue Reading

Средба Ердоган-Зеленски во Истанбул

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул го прими неговиот украински колега Володимир Зеленски, јави агенцијата Анадолија. Ердоган го пречека Зеленски, кој дојде во Истанбул на негова покана, со свечена церемонија во вилата Вахдетин. По пречекот, средбата продолжи зад затворени врати. Двајцата лидери се ракуваа во знак на добредојде, а потоа продолжија на тет-а-тет средба. Како што беше …

Continue Reading

Гутереш против употреба на касетна муниција

– Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, се противи на употребата на касетна муниција, соопшти денеска неговиот кабинет. – Генералниот секретар ја поддржува Конвенцијата за касетна муниција (ЦЦМ), која, како што знаете, е усвоена пред 15 години и сака земјите да ги почитуваат условите на конвенцијата. Така, се разбира, тој не ја поддржува употреба на касетна муниција на бојното …

Continue Reading

Осуден убиецот на 23 лица во пукотницата во супермаркет во Тексас во 2019 година

– Самонаречениот бел националист кој уби десетици лица во продавница „Волмарт“ во Тексас планирано стрелајќи во Јужноамериканци доби 90 последователни доживотни затворски казни, јавија дел од американските медиуми. Пресудата беше изречена од федерален судија по дводневни емоционални сведочења пред судот на жртвите и нивните семејства. Патрик Крузиус (24) беше осуден денеска во судот во Ел Пасо по обвиненија за вршење …

Continue Reading