Асолутна невистина за премиерот Христијан Мицкоски се тврдењата изнесени во бугарските медиуми дека осомничената за сообраќајна незгода со смртни последици, Ива Михаилова од Кочани, во Бугарија влегла легално. Таа изминатиот викенд избега во Бугарија, а МВР веќе објави дека во евиденцијата на легалните гранични премни не е регистирана. Премиерот Мицкоски денес кажа дека и адвокатот на осомничената, кој според него е личност со сомнително минато, кај нас легално влегол на 28 септември и она што го изјавува за бугарските медиуми не е вистина.
„Можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија. Истражуваме, Министерството за внатрешни работи истражува и ќе дојдеме до сознание на кој начин е однесена. Она кое што исто така сакам да го кажам е дека и родителот кој треба да одговара пред македонските власти и Ива која што треба да ја докажува својата невиност, ќе одговараат. Кога- тогаш. Ако некој мисли дека на овој начин обезбедил одредена заштита, на начин на кој што се обидува да ги наруши меѓусоседските односи меѓу двете држави, жалам. Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата која што самата себе си ја прави на меѓународен план, тоа е нивна одлука. Тие избрале ваква политика. Жалам што тие наместо лице првосилно осудено да го вратат тука, да ја отслужи казната за која што е осудено, тие од него прават естрадна ѕвезда и жалам што млада девојка која што најголемиот дел од својот живот и образование го стекнала во својата татковина Македонија одлучила да биде ова кое што денеска се претставува кај нашиот источен сосед. Еве јас ја гледам македонската јавност во очи и ви вегам кога-тогаш и едниот и другиот ќе се соочат со правдата“, вели премиерот Мицкоски.
Според него, тоа што опозицијата кај нас и и раководството на нашиот источен сосед се на иста линија, говори многу.
„Намената е да се создаде политичка тема која што тие претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ да бидам попрецизен, и на тој начин ќе обезбедат одреден бенефит за опозицијата која што има буквално идентична ставка како што има раководството на Бугарија. Еве ако е тоа така договорено, ние ја бараме назад и нејзе и нејзиниот родител уште денеска да ги донесат и да видиме дали е тоа така договорено или не е тоа така договорено“, рече премиерот Мицкоски коментирајќи го ставот на опозицијата која обвини дека бегството на Михаилова е договорена работа со власта.
За Михаилова е распишана меѓународна потерница, а судот во Кочани во остутсво и одреди 30 дена притовор.