Средба Ердоган-Зеленски во Истанбул

zelenski_erdogan_2342342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул го прими неговиот украински колега Володимир Зеленски, јави агенцијата Анадолија.







Ердоган го пречека Зеленски, кој дојде во Истанбул на негова покана, со свечена церемонија во вилата Вахдетин. По пречекот, средбата продолжи зад затворени врати. Двајцата лидери се ракуваа во знак на добредојде, а потоа продолжија на тет-а-тет средба.

Како што беше претходно најавено, на средбата ќе се разговара за регионални и меѓународни теми како што се односите меѓу двете земји, најновите случувања во руско-украинската војна и Договорот за Црноморскиот коридор за жито, кој истекува на 17 јули.

По средбата зад затворени врати, двајцата лидери ќе претседаваат со состанок на делегациите и ќе одржат заедничка прес-конференција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK