Општина Аеродром никогаш не била понечиста. Ако деновиве поминете низ урбаниот дел на општината, по паркинзите и пред зградите, ќе забележите валкани плочници и неисчистени тротоари и паркинзи.
Предходниот градоначалник од редовите на СДСМ, Златко Марин, потроши речиси 500 000 евра за набавка на таканаречените „метларки” од фирмата „Брако” на Анѓушев (блиска до СДСМ), а истите воопшто не се користат.
Неговиот наследник од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, секоја година од општинскиот буџет издвојува по 10 000 евра за нивно сервисирање, но како да му е страв да ги извади на терен.
Левица – Аеродром прашува дали позади оваа негрижа околу чистењето на јавните површини повторно се крие некаков договор со надворешна фирма како што е случајот за ангажирање на надворешна фирма, за уредување на зелените површини, со цел да се испумпаат пари од општина Аеродром.