Тренчевска: Работиме посветено за семејните вредности и заштитата на децата

–Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, се два посебни закона кои третираат сосема различни прашања. И едниот и другиот закон третираат човекови права меѓутоа суштината на законите е различна, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на КТВ Телевизија. Таа информираше и дека за Предлог законот за родова еднаквост биле реализирани  18 јавни …

Continue Reading

Телефонски разговор Зеленски-Шолц

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц за „координација на позициите пред самитот на НАТО во Вилнус и форматите на идните безбедносни гаранции за Украина“. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека го информирал Шолц за состојбата на бојното поле, разговарале за неодамнешните настани во Русија и Белорусија, како и за моменталната состојба на договорот за …

Continue Reading

Премиерите на Холандија и Луксембург за зајакнување на соработката и смирување на тензиите на Косово

– Премиерите на Холандија и Луксембург, Марк Руте и Ксавиер Бетел, вечерва во Белград изјавија дека дошле заедно во Србија со цел да ја зајакнат соработката со Европската унија, како и на билатерално ниво, додавајќи дека и двајцата се посветени на смирување на тензиите во Косово. – Се собравме за да ги зајакнеме врските на ЕУ со Србија, како и …

Continue Reading

Едногласно прифатена иницијативата на Левица за враќање на моштите на Панко Брашнаров

Иницијативата за враќање на моштите на народниот учител Панко Брашнаров, предложена од советничката група на Левица во Советот на Општина Велес едногласно беше прифатена на денешната седница. Панко Брашнаров, човекот кој беше генерација и соученик на велешките гемиџии, сведок на двата Илиндена, човекот кој целиот се посвети на ослободувањето на Македонија и голем дел од својот живот го помина по …

Continue Reading

Вимблдон организира специјална церемонија за Федерер

– Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер утре ќе се појави на централниот терен на Вимблдон на специјална церемонија на која организаторите ќе му оддадат почит за сите успеси кои ги постигна во својата кариера на лондонскиот грен – слем турнир. Федерер осум пати го освојуваше Вимблдон, што е рекорд во поединечна машка конкуренција. „Роџер утре ќе биде со нас и …

Continue Reading

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од утре до 8 јули

– АМСМ известува дека од утре до 8 јули, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) во периодот од 08:00 – 18:00 часот. Делницата ќе биде затворена поради асфалтирање.

Continue Reading

Рама: Со историската одлука за ослободување на Косово, Клинтон ја одреди иднината на Балканот

– Албанскиот премиер Еди Рама, на големата свеченост, организирана во чест на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, пред владата во Тирана, оцени дека неговиот придонес за мирот, стабилноста и иднината на нашиот регион ќе остане драгоцено наследство на страниците на историјата. – Донесовте историска одлука за ослободување на Косово и ја одредивте иднината на Балканот, оцени тој. На церемонијата на …

Continue Reading

Зеленски одлучи да го протера грузискиот амбасадор во Украина

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе го протера грузискиот амбасадор во знак на протест поради поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, исто така украински државјанин, кој изгледал видно изнемоштен на неговото судење во Тбилиси. – Денеска побарав од Министерството за надворешни работи да го повика грузискиот амбасадор, да го извести за нашиот протест и да побара од него …

Continue Reading

Брозовиќ се пресели во Ал Наср

– Хрватскиот фудбалски репрезентативен Марсело Брозовиќ (30) од денеска и официјално е член на саудиски прволигаш Ал Наср. Брозовиќ потпиша тригодишен договор и со тоа стана нов соиграч на Португалецот Кристијано Роналдо, кој се пресели во саудискиот клуб во декември лани. „Сите го сакаа. Но, тој нè сакаше само нас“, објави попладнево Ал Наср. Финансиските детали за трансферот на Брозовиќ …

Continue Reading