По 30 години реконструирана улицата „Вера Јоциќ“ во Кисела Вода

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска направија увид на градежните активности на улицата „Вера Јоциќ“ која, како што известија, е реконструирана после 30 години.







Ѓорѓиевски истакна дека станува збор за реконструкција што треба да биде завршена во наредните 10 дена и која опфаќа некаде околу 720 метри должина на улицата како и реконструкција на постоечките тротоари.

-Како што може да се забележи, од десната страна на улицата направени се џебови за паркирања за некаде околу 70 возила, што значи дека освен реконструкција на улицата и новите тротоари, моите сограѓани ќе добијат и можност за паркирање, рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот нагласи дека и останатите краци, заедно со паркинзите од останатите згради, ќе бидат опфатени со реконструкцијата што е предвидена во тој дел.

-Освен оваа улица, изминатиов период, односно минатата недела започнавме со целосно реконструкција на улицата „Емил Зола“. Пред неколку месеци завршивме со „Дичо Петров“ и останати краци, истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот и лидерот на опозициската партија кажаа и дека паралелно работат и на реконструкција и санација на улици во Припор, во Драчево и во останатите населени места во Кисела Вода, со што истакнаа дека дека Кисела Вода рамномерно се развива во сите населени места на општината.

Ѓорѓиевски додаде дека завршуваат со фекалната канализација во Градинар, а исто така работат и на четири позиции водоводна мрежа на територија на Општина Кисела Вода, како и на четири рекреативни центри, од кои што два се со парковска содржина, а останатите два се целосно рекреативни центри со останати содржини.

-Во наредниот период започнуваме и со нова канализациона мрежа во Пинтија, исто едно горливо прашање триесетгодишно на нашите сограѓани. Во посебна фаза на подготовка сме и со документацијата за таму и распишување на тендерска постапка која што ќе биде во наредниот период, и за тоа ќе ве повикаме како медиуми, најави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека започнува и нивниот најголем проект кој што ќе опфати девет и пол километри фекална и водоводна мрежа, со што ќе се реши проблемот со водоснабдување и фекална канализација во населбите Стаклара и Каменик.

Мицкоски рече дека општина Кисела Вода на почетокот била во големи долгови, и дека покрај тоа што се вратени долговите по нецели две години, реализиран е и најголемиот дел од програмата која беше ветена за реализација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK