Мицкоски со делегација од ВМРО-ДПМНЕ во Брисел на средби со високи претставници на ЕУ и ЕПП

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, а во состав на потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во официјална посета на Брисел, при што ќе има средби со голем број високи претставници на ЕУ и ЕПП.

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, денеска попладне предвиден е состанок со Симон Морду, главен советник за надворешни работи на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, а вечер со почеток од 20 часот, партиската делегација ќе има работна вечера со европратеникот од ЕПП Кристијан Сагарц, известувач во сенка за земјава во Европскиот парламент.


Во вторник делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има работен појадок со Ангелина Еикхорст – директор за Европа во Службата за надворешни работи на ЕУ, а потоа е предвидена средба со Патрик Волер, директор за меѓународни односи на ЕПП.

Делегацијата предводена од претседателот Мицкоски ќе оствари средба и со Манфред Вебер, претседател на ЕПП и претседател на парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент.

Во Европскиот парламент делегацијата ќе има средби и со потпретседателот на Европскиот парламент Рајнер Виланд, по што ќе имаат средба со Дејвид Мекалистер, потпретседател на ЕПП и претседател на Комисијата за надворешна политика на европскиот парламент (АФЕТ), а ќе се сретнат и со Марион Валсман, потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK