Маричиќ во Ниш на потпишување на ИПА за прекугранична соработка со Србија

maricik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш ќе ја потпиши трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија.







Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра неповратни средства од ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ, заедно со неговата српска колешка, министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, и евроамбасадорот во Србија, Емануел Жиофре, ќе ја потпишат првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.

Средствата предвидени за реализација на прекуграничната соработка, како што информираат од СЕП, ќе опфатат два тематски приоритета и тоа социо-економски развој и развој на туризмот во прекуграничниот регион во кој влегуваат областите Јабланица и Пчиња во Србија и Североисточниот регион и дел од Скопскиот регион во Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK