На Украина и се потребни дополнителни 13 милијарди евра во 2023 година како дел од итните потреби за опоравување, објави Европската комисија.
Валдис Домбровскис, потпретседател на Европската комисија, одржа говор на сесијата „Ефектите од уривањето на браната Каховка во Украина“ на Генералното собрание на Европскиот парламент што се одржа во Стразбур.
Домбровскис изјави дека на Украина и е потребна дополнителна помош за обнова и закрепнување и дека ЕУ ќе продолжи да и дава помош на оваа земја.
„На Украина ѝ е потребна дополнителна поддршка оваа година, особено во контекст на потребите за итно опоравување. Студиите за на штетите покажуваат дека итните потреби на Украина за 2023 година се околу 13 милијарди евра“, рече Домбровскис.
Тој наведе дека итни потреби се цивилната и социјалната инфраструктура, енергетската инфраструктура, изградбата на станови, развојот на приватниот сектор и деминирањето на областа.
Макрофинансиската помош на ЕУ за Украина во 2022 и 2023 година досега се приближуваше до 15 милијарди евра.