(Видео) Украинците нападнаа база на елитна руска единица – „Рубикон“: објавена е снимка


screenshot-2026-11-11-072645.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските сили објавија дека извршиле напад врз база на елитната руска единица за дронови „Рубикон“, лоцирана длабоко на окупирана територија. Од Јужните одбранбени сили порачаа дека „оваа операција уште еднаш докажува оти за руските окупатори не постои безбедна заднина“, пренесува „Киев индепендент“.


Заедничка операција зад линијата на фронтот
Нападот врз базата во окупираниот Бердјанск, во регионот Запорожје, претставуваше заедничка операција во која учествуваа Јужните одбранбени сили, Службата за надворешно разузнавање (СЗРУ), Службата за безбедност на Украина (СБУ) и 412-тиот посебен полк за беспилотни системи. Базата се наоѓаше на 107 километри од линијата на фронтот.

Според Генералштабот на Вооружените сили на Украина, нападот се случил на 7 ноември. Погодени беа привремена позиција што ја користела единицата, како и команден центар за операции со беспилотни летала. „Загубите на непријателот сè уште се проценуваат, но ефектот е веќе јасен: секој неутрализиран контролен центар значи помалку руски беспилотни летала над нашите позиции и патишта“, наведоа од Генералштабот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK