(Видео) Теренско возило удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати


policija-saddepositphotos_281788310_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако теренско возило влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил вчера, нешто пред 18:00 часот по локално време.


Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на надзорниот одбор на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица починале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренското возило се пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренското возило излетало на тротоарот, удирајќи во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека екипите за итни интервенции се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата Икс, додавајќи дека ќе споделува дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK