Запленети 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари за кои не била платена акциза

zaplena_#45353534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Полициски и царински службеници запленија 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари, за кои не била платена акциза во износ од 250.000 денари, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.







– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со СВР –  Скопје и Царинската управа, по претходно добиени оперативни сознанија за нелегална продажба на режан тутун и производи од тутун, односно избегнување на плаќање на акциза, денеска спроведоа координирана контрола во Тетовско. Притоа, од А.С., на возраст од 43 години од селото Горно Палчиште, општина Боговиње, запленија 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари, за кои не била платена акциза во износ од 250.000 денари, се појаснува во соопштението на МВР.

Одземената акцизна стока била предадена на Царинската управа во Скопје за натамошна постапка.

Фото: Министерство за внатрешни работи

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK