Имлек протеин со поддршка на 1930 учесници на трката „Охрид трчат“

imlek
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имлек Протеин помогна за одржување на уште еден спортски настан, „Охрид трчат“ и со тоа овозможи 1930 учесници на најпознатата охридска трка да постигнат уште подобри резултати надополнувајќи ја нивната енергија со протеински шејкови и пудинзи. Спортскиот и натпреварувачкиот дух беше поттикнат од Имлек Протеин спортската зона каде учесниците си ја обновуваа енергијата, а поддржувачите и навивачите се забавуваа и релаксираа. Додека пак за оние кои и самите имаа натпреварувачки дух, можеа да се натпреваруваат во забавни игри, а Имлек протеин ги мотивираше со подароци.

Брендот Имлек протеин ја дава поддршката и помошта за одржување спортски настани, токму заради поврзаноста на протеините и физичката активност како и нивната функција во нашето тело. Протеините имаат клучна улога во градење и регенерирање на ткивата и мускулите, посебно по интензивна физичка активност кога внесувањето протеини помага за градење здрава и квалитетна мускулна маса. Нивното редовно и оптимално внесување е важно затоа што, за разлика од мастите и јаглехидратите, телото не чува резерви протеини кои би се користеле во случај кога има дополнителна потреба од нив.


На седмото издание на „Охрид трчат“ оваа година се натпреваруваа рекордни 1930 учесници од 28 држави, спортисти, рекреативци и ентузијасти кои трчаа на 5 км, полумаратон на 21 км, а имаше и штафетна трка како и екипни, тим билдинг трки. Сите имаа можност да се уверат во моќта на Имлек протеин во регенерација на мускулите, затоа што доза од само 300мл Имлек Протеин снабдува со 30 грама 100% чист млечен протеин која е всушност и дневна препорачана доза за еден возрасен човек. Не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%.

Овој протеински напиток, препорачан и од нутриционистите, е достапен како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода и како пудинг во две варијанти, чоколадо и ванила.

Токму заради ваквата хранлива вредност и состав, Имлек протеин беше омилениот пијалак и на останатите трки каде беше присутен и ја даде својата поддршка, на „Скопје трча” и на„Охрид Ултра-Треил”. До крај на година продолжуваме со поддршката и најавуваме забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK