Наполи може да му понуди на Осимен зголемување на платата и ослободителна клаузула од 160 милиони евра

osimen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наполи има намера да го задржи Виктор Осимен за кого се заинтересирани Челзи, Баерн и ПСЖ.

Претседателот на „наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис размислува да го обнови договорот на Осимен со значително зголемување на платата, која моментално изнесува 4,5 милиони долари годишно.


Сè уште нема официјални понуди од други клубови за 24-годишниот напаѓач, а Де Лаурентис за Нигериецот планира да вклучи клаузула за ослободување од 160 милиони евра во новиот договор, пренесува „Calciomercato“.

Актуелниот договор на напаѓачот е до јуни 2025 година.

Со 25 гола на 31 натпревар, Осимен води во трката за најдобар стрелец во Серија А.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK