– Поради најава за неповолна временска прогноза со дожд Мото клубот „Мото Велес“ ја одложува дводневната трка во ендуро што викендов требаше да се одржи на патеката за ендуро над велешко Езеро „Младост“. Трката е презакажана а 25 јуни информира за МИА,Сашко Ванов, организатор на трката и основач и претседател на МК „Мото Велес“.
Оваа 13. по ред трка ќе се одржи во соработка со МФМ и Општина Велес, а на неа ќе се вози во класите Е1,Е2,Е3 и Е јуниор.
За годинава на трката која е меѓународна се најавени учесници од мото клубови од повеќе држави.