Новоизбраниот градоначалник на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми влезе во својот кабинет во општинската зграда, јави Радио Телевизија Косово.
Известувачката на РТК од Лепосавиќ, јави дека безбедносната ситуација сега е мирна и оти локалните Срби се разотишле.
На зградата на општината во Лепосавиќ веќе е поставено и косовското знаме.
Според РТК, косовската полиција ја отстранила и последната барикада во Лепосавиќ.