Албанија старее, во првото тромесечје историски најниска стапка на наталитет

instat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во првото тромесечје од годинава во Албанија забележан е пад на наталитетот за 16,9 отсто, споредно со истиот период минатата година, што е историски најниска стапка.

– Во првиот квартал од 2023 година има 5.164 новороденчиња, што е речиси половина од просекот по квартал во 2011 година кога имало 8-10 илјади раѓања по квартал. За првпат под шест илјади новороденчиња имало во 2022 година, а дополнително се намалил на нешто над пет илјади во првите месеци од оваа година, објави државниот Институт за статистика, ИНСТАТ.


Според истиот извор, во првиот квартал од 2023 година, во сите 12 окрузи во земјата е забележан пад на наталитетот во однос на споредбениот период лани. По бројот на новороденчиња Тирана е округ со најголем број, односно 1.939, додека најмал број или 77 новороденчиња имало во Ѓирокастро.

Официјалната статистика потврдува дека во овој извештаен период падот на наталитетот бил толку силен што природниот прираст бил негативен, што значи дека во земјата имало повеќе умрени од новородени и покрај фактот што бројот на смртни случаи значително се намали по завршувањето на пандемијата. Бројот на починати е 5.557, што бележи намалување од 31,6 отсто во однос на првиот квартал од 2022 година.

Причина за алармантниот пад на популацијата се гледа во високата имиграција, како и промената на начинот на живот, што доведе семејствата да имаат во просек по две деца.

До падот на комунизмот, во ’90 години од минатиот век, по што земјата ја зафати имиграцискиот бран, имало околу четири милиони жители, а според реализиран пилот попис на ИНСТАТ вкупното население е околу 2,4 милиони.

По две одложувања, претходната година поради пандемијата и минатата, поради технички услови, попис Албанија ќе спроведе во септември годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK