Уапсен поранешниот градоначалник на Сараево, актуелен амбасадор на БиХ во Катар

bih
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорот на БиХ во Катар, Абдула Скака денеска е уапсен под сомнение дека ја злоупотребил својата положба додека бил градоначалник на Сараево, од 2016 до 2020 година.

Скака е приведен во просториите на МВР на кантонот Сараево, каде дал изјава, по што е уапсен.


Во текот на денот, службеници на МВР на кантонот Сараево, под надзор на Кантоналното обвинителство, извршија претрес на повеќе локации во општините Стари Град, Центар и Вогошќа.

Поранешниот градоначалник на Сараево е уапсен во акцијата „Визионер“, која се спроведува на подрачјето на повеќе општини во главниот град на Босна и Херцеговина поради сомневање дека се сторени повеќе кривични дела – злоупотреба на положбата, несовесно работење во доставување, фалсификување службени исправи, како и поткуп.

Полицијата денеска приведе неколку лица во Сараево.

Врз основа на извештаите во изминатите неколку години, Кантоналното обвинителство во Сараево отвори неколку случаи против Скака.

Како што пренесе Бета, неговото име се поврзува со бројни скандали и сомнежи за наместени тендери за време на организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (European Youth Olympic Festival EYOF), инсталирање на јавно осветлување во близина на неговата викендичка во Трново, незаконски вработувања, проект за набавка на ревијален автомобил Формула Е.

Во извештајот поднесен во април минатата година од градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, за работата на претходната градска управа на чело со Абдула Скака, според инспекторот, утврдени се незаконитости и криминални дејствија на претходната градска управа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK