Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.
Лидерот на Форца Италија беше хоспитализиран на 5 април и ќе го напушти болничкото одделение по 44 дена хоспитализација, пишува весникот „Месаџеро“.
Осумдесет и шестгодишниот Берлускони беше во болница поради воспаление на белите дробови, а при хоспитализацијата лекарите открија дека боледува од хронична леукемија.