Маж со автомобил упаднал во Апостолската палата на Ватикан

vatikan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж со автомобил синоќа го пробил обезбедувањето на капијата на Ватикан, стигнувајќи до централниот двор на Апостолската палата, по што и се предал на полицијата, соопшти денеска Ватикан.

Човекот со својот автомобил минал низ портата на Света Ана и стигнал до дворот на Сан Дамасо, каде што се наоѓа Апостолската палата во која живееле претходните папи и каде папата Франциск сè уште одржува официјални состаноци.


Се додава дека припадник на швајцарската гарда пукал во автомобилот со пиштол.

Британските медиуми јавуваат дека зад воланот бил маж на околу 40 години и дека бил во „нестабилна психичка состојба“, како и дека не се приближил до зградата од другата страна на дворот каде што живее папата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK