Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовиран новиот роман на Трајче Кацаров, насловен „Увозникот на бели ноќи“.
-На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк круг на читатели, соопшти издавачката куќа „Матица македонска“.
Книгата ќе ја промовираат Христо Петревски и Марина Мијаковска, а извадоци од изданието ќе читаат Луна Миќевиќ и Кристијан Петковски.
-Трајче Кацаров е автор на богат прозен, поетски и драмски опус, за кој е добитник на значајни национални книжевни награди, меѓу кои и на наградите Рациново признание, Григор Прличев, Прозни мајстори и др. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици, соопшти издавачот.