Американскиот претседател Џозеф Бајден не планира да се извини во име на САД за употребата на атомската бомба во нападот на Хирошима во 1945 година, изјави неговиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан.
Изјавата Саливан ја дал во авионот на пат за Јапонија, каде американскиот претседател ќе присуствува на Самитот на Групата седум најразвиени земји (Г7) во Хирошима.
Саливан посочи дека Бајден, како еден од лидерите на Г7, ќе и оддаде почит на историјата и на јапонскиот премиер Фуми Кишида, пренесе Кјодо.