Москва потврди дека договорот за жито е продолжен

zito
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската страна го продолжи договорот за жито за два месеци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Можеме да потврдиме дека и руската страна одлучи да го продолжи Црноморскиот договор за уште два месеца. Има релативен резултат во преговорите со учество на претставници на Турција, Украина и ОН“, рече Песков.


Тој додаде дека е многу „важно да се сфати дека судбината на договорот сè уште е во рацете на оние со кои ОН треба да го координираат рускиот дел од договорот“.

– Има резултати, но не до крај. Ќе се обидеме да го решиме овој проблем до крај во следните 60 дена, рече Песков.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вчера го поздрави продолжувањето на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море за два месеци.

Црноморската иницијатива за жито, потпишана на 22 јули 2022 година од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН, предвидува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, вклучително и Одеса. Координацијата на транспортот на бродови ја води Заеднички координативен центар во Истанбул. Рускиот претседател Владимир Путин во септември истакна дека Западот извезува најголем дел од украинското жито во своите земји, а не во сиромашните земји во Африка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK